СЕПТЕМВРИ – МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ОБУКА – ПРЕСВРТНИЦА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Следејќи ја рамката за проценка на вештините за време на фазата на истражување на проектот, партнерите продолжија со развој и изработка на методологија за обука, определување на содржините на материјалот за обука, начинот на спроведување на обуките, како одговор на барањата на младите луѓе. Методологијата за обука произлегува од наодите од фазата на истражување на проектот што се спроведува во Бугарија, Грција, Република Северна Македонија и Португалија, како и од индикативниот пристап на темите за учење, како што е наведено во фазата на изготвување на предлог-проектот.

Развиената методологија ги дефинира главните оски околу кои ќе се развива онлајн обуката, поставена на четири главни основи: основната содржина која ги опфаќа знаењата и вештините, ефикасноста, опфаќајќи го подобрувањето на финансиската едукација, вештините, како и однесувањата, корисноста на обуката, вклучувајќи ги најефективните аспекти за самостојно учење и настава во педагошка смисла, и на крај квалитетот на обуките.

Проектните партнери ќе организираат тренинг сесија за да ги подготват обучувачите да спроведат пилот работилници за методологијата за обука и добиениот материјал за време на нивниот прв состанок со физичко присуство, кој ќе се одржи на почетокот на декември 2022 година.

Потоа, ќе се спроведат повеќе активности кои ќе вклучуваат активно учество на примарната целна група – младите луѓе, на работилници со физички или онлајн присуство со цел да се тестира создадената методолошка структура на претстојната обука.