Visit the online Financial Self Assessment tool

Проверете го вашето ниво на финансиска писменост

Партнери

Проектот “FinFluencers” („Млади финансиски инфлуенсери“) се спроведува во Бугарија, Грција, Кипар, Португалија и Република Северна Македонија, од страна на 6 партнери (организации).

Yambol Chamber of Commerce and Industry, Бугарија

„Трговската и индустриска комора“, Јамбол, е независна, непрофитна, доброволна организација на деловното поле во регионот Јамбол, Бугарија, а нејзините цели и задачи се поддршка, промовирање, претставување и заштита на економските интереси на бизнисите во регионот, од индустрискиот, производствениот и трговскиот сектор. Комората има 150 редовни и 980 придружни членки и е една од најголемите регионални комори во Бугарија. Во комората работи мултидисциплинарен тим од 8 луѓе, голема мрежа на надворешни експерти и има воспоставено повеќе од 350 синергии ширум светот. Во комората работи мултидисциплинарен тим од 8 луѓе, голема мрежа на надворешни експерти и има воспоставено повеќе од 350 синергии ширум светот. Вработените се специјализирани во различни области од економскиот развој. Комората испорачува широк спектар на услуги за поддршка на бизнисите – финансиски прашања, технологија, јавно-приватни партнерства, стандарди за квалитет и менаџмент, подготовка и управување со проекти, неформални иницијативи за обуки итн. За 30 години колку што постои комората, истата успешно има навлезено во јавниот и социјалниот живот во регионот. Комората обезбедува лесен и брз пристап до најнови и применливи информации и совети за можности за почеток на нов бизнис и/или развој на постоечки.
Во 2008 година, Комората стана дел од “Enterprise Europe Network (EEN)“ – европската мрежа која ја поддржува соработката меѓу бизнисите и иновативноста, вклучувајќи повеќе од 600 бизниси и 4000 професионалци, од 40 држави.
Активностите на организацијата на ова ниво вклучуваат обезбедување обуки и поддршка за деловни консултанти и советници, претприемачи и потенцијални претприемачи, шеми за обука на работодавачи/вработени, како и интраорганизациска поддршка (на пр. интрапретприемништво, менаџерски аспекти во компанијата, бизнис менаџмент низ различни сектори т.е. социјална економија, бизниси/актери од јавниот/приватниот сектор). Комората има големо искуство и експертиза во создавање мрежи, мобилизирање на различни сегменти од општеството и управување и спроведување на настани од големи размери.
Комората обезбедува практични можности за младите невработени луѓе преку обезбедување обуки за развој на претприемачки вештини.

Бизнис информативен и консултантски центар Сандански, Бугарија

Здружението „Бизнис информативен и консултантски центар“ – Сандански (BICC) е невладина организација со повеќе од 25 години искуство во бизнис и социјален развој, обука и менторство за претприемништво, финансиски консалтинг и B2B услуги.
Работењето на здружението БИКЦ го покрива регионот на Југозападна Бугарија, област во која има забрзан социјален и економски развој. БИКЦ на локалните компании им обезбедува поддршка за развој на бизнисот, консултантски услуги и меѓународно поврзување. Во исто време, цел на здружението е да ја поттикне соработката со странските партнери и да привлече странски инвестиции во регионот.
Организацијата обезбедува информации деловни консултантски услуги за целните групи, организира работилници и други настани за градење капацитети за малите и средни претпријатија, ја поттикнува деловната соработка на прекугранично и меѓународно ниво, преку обезбедување поддршка за учество на меѓународни настани.

MILITOS Consulting SA, Грција

Militos Consulting е уникатна, динамична и иновативна консултантска компанија, со силен европски профил, меѓународно искуство и разновидност во обезбедување на интегрирани консултантски услуги, во широк спектар на области, вклучувајќи: Подобрување на вештини, образование, стручни обуки,
обуки за претприемништво, комуникација, организација на настани, социјални иновации, култура и сл.
Со искуство во спроведување на 60 проекти и активности финансирани од Европска Унија, како лидер или проектен партнер, “Militos” има солидно искуство во управување со големи и сложени проекти, како и разбирање на европските политики. Компанијата поседува експертиза за поставување, развој и функционирање на нови и одржливи шеми за претприемништво, методологии за обуки за обучувачи во сите области, интерактивни алатки за е-учење итн.
Militos поседува големо искуство и експертиза во мобилизирањето заедници, градењето мрежи, дизајнирање, управување и спроведување на настани и кампањи од широки размери и компанијата е добро позната по инвентивноста како и квалитетот и естетиката на промотивните материјали кои ги создава (логоа, летоци, банери, дизајн на веб-страници, портали, онлајн игри, тизери за социјални медиуми, интерактивни блогови итн.). Militos е првиот избор како консултант за комуникација и дисеминација за претпријатија и (европски) тела, како што се: Претставништвото на Европска Комисија во Грција
(Ексклузивен консултант за комуникација и водење кампањи), Информативната канцеларија на Европскиот Парламент во Грција (надворешен консултант), Евробарометар на Европската Комисија за Грција (национален уредник), ДГ „Претпријатија и индустрија“ (посредничка организација за млади претприемачи на ERASMUS & координатор на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи)

OTB Europe, Португалија

OTB EUROPE е компанија која се стреми да ги зголеми капацитетите на своите партнери, со цел истите да добијат и успешно да управуваат со грантови, да ги подобри нивните перформанси во започнувањето со јавни иницијативи и да гради одржливи партнерства. OTB EUROPE обединува различни „актери“ кои работат во полето на социјални иновации, кои се стремат да создадат нови политики, притоа фокусирајќи се на свесни, одговорни и активни граѓани. Мисијата на компанијата е да биде платформа за трансфер на експертиза поврзана со Европски политики и програми и да промовира иновативни, социјални и технолошки методи за подобрување на квалитетот на животот. Визијата на компанијата е да се стигне до иновативна Европа, каде граѓаните ќе имаат еднаков пристап до демократскиот и социјален живот, водена од критичко размислување, социјални иновации и солидарност. Активностите на OTB EUROPE се поврзани со следните теми:
Млади – преку сеопфатни алатки, OTB нуди разновиден пристап кон младите и олеснување на нивното учество преку иновативни методолошки методи;
Образование – Како поборници на важноста на образованието, OTB нуди разновиден профил на услуги и експертиза за зајакнување на студентите и наставниците за подобро и поефикасно искуство во учењето преку повеќе спроведени проекти наменети за целните групи;
Доживотно учење – Преку континуирана работа во образовниот сектор, OTB има за цел да ги поттикне своите целни групи за континуирано учење преку неформални и формални образовни методологии, кои опфаќаат алатки и методологии за доживотно учење и стручно образование и обука
Паметен град – како мрежа на организации, OTB има развиено сеопфатен сет мерки и услуги за да се унапреди концептот на паметен град;
Обуки – OTB спроведува широк спектар на обуки, студиски посети и активности за градење политики, притоа обезбедувајќи обуки засновани на истражување, релевантни податоци и технолошки решенија, додека во исто време ја поттикнува меѓусекторската соработка

Здружение Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА Струмица, Република Северна Македонија

Здружението Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА Струмица, е непрофитна организација основана во 2007 година, чијшто главни активности се фокусирани на Југоисточниот дел од Република Северна Македонија.
Во рамки на петнаесет годишното работење, Промо Идеа има воспоставено успешна соработка со домашни и меѓународни институции, има изградено партнерства со организации од регионот и воспоставено силна врска со бизнис заедницата.
Од основањето до денес, Промо Идеа успешно има спроведено повеќе проекти финансирани од Европската Унија, во различни програми.
Главни области на работење на здружението се:

– Проектен менаџмент;

– Менторства & Обуки на млади луѓе;

– Поврзување & поддршка на индивидуалци и старт-ап бизниси;

– Истражување и анализа;

Членови (како и целна група) на здружението се младите луѓе (студенти, дипломци, фриленсери, сопственици на старт-ап бизниси итн.) кој сакаат да се надоградат себеси во своето поле на работење и интерес или да бидат обучени на повеќе теми, кои може да го зголемат нивното знаење.
Промо Идеа главно спроведува активности за градење капацитети и развој на вештини на целната група. Со обединување на експертиза од различни области (како проектен менаџмент, финансии, маркетинг, графички дизајн, ИТ технологии и сл.), здружението има за цел да создаде додадена вредност на своите корисници и да го промовира принципот на „доживотно учење“.

Со спроведувањето на повеќе проекти финансирани од Европска Унија и нивните последователни резултати, Промо Идеа има воспоставено соработка со повеќе од 100 индивидуалци и има овозможено поврзување меѓу млади претприемачи, професионалци и студенти.

R&DO LIMITED, Кипар

Компанијата е специјализирана во развој на едукативни онлајн платформи, поттикнувајќи го особено развојот на вештини кај млади и возрасни ученици, придонесувајќи кон стручна обука применлива за вработување, промовирање на раст и иновации и поддршка на различни сектори со фокус на претприемништво, меки вештини и ИТ секторот. R&DO исто така е партнер во повеќе проекти финансирани од Европската Унија, вклучувајќи ги: Lifelong Learning Projects Farm inc., Taxistars, Core-VET, High Heels, Pest Practice and the Erasmus+ projects Intraprise, Rooms to VET, Succession, SocialUp, the WineLab, каде што пред се’ е одговорна за создавање на платформи на е-учење и интегрирани веб страни. Тимот на компанијата е составен од Senior програмери и веб дизајнери кои се добро познати по високиот квалитет во работата и напредното размислување. Компанијата има за цел да обезбеди континуиран развој и комерцијализација на иновативните идеи во форма на производи и услуги, главно базирани на информатичка технологија.