Visit the online Financial Self Assessment tool

Проверете го вашето ниво на финансиска писменост

За Проектот

Клуч за комплексниот свет
комплексниот свет

Проектот има за цел да создаде, развие и понуди онлајн обука за млади луѓе, на возраст од 19 до 29 години, за поддршка во донесувањето информирани и сигурни финансиски одлуки како економски актери, производители, потрошувачи, професионалци, претприемачи, вработени, имајќи предвид постои директна позитивна врска помеѓу нивото на финансиска писменост и благосостојбата на поединците.

Финансиската писменост претставува клучна вештина за оптимално функционирање во денешното, современо, општество. Младите луѓе се развиваат во особено комплексен свет, каде што ќе мора да преземат одговорност за сопствената иднина, пред се’ во делот на личната финансиска состојба. Поседувањето соодветно знаење и вештини за справување со кризи од не-економска природа, кои најпрво индиректно, но на среден рок директно влијаат врз економската благосостојба, може да придонесат за полесно надминување на евентуалните проблеми при појавата на кризни финансиски состојби, каде што особено корисна вештина ќе биде разбирањето на личните финансии.

Цели и
целни групи

Проектот „Млади финансиски инфлуенсери“ има за цел да ги поддржи младите луѓе да:
  1. Го разберат локалното опкружување и контекст од аспект на финансии
  2. Ги разберат финансиските ризици и можности
  3. Носат рационални, односно одлуки врз основа на релевантни информации (вклучувајќи и поттикнување на претприемачкиот потенцијал);
  4. Знаат каде може да добијат информации и помош во врска со финансиите;
  5. Може да преземаат ефективни чекори за зголемување на сопствената благосостојба;
Примарна целна група на проектот се младите луѓе (од 19 до 29 години), додека како секундарна целна група се стејкхолдерите, финансиски и професионални консултатни, соодветни организации од областа и младински организации.

Активности

Проектот предвидува повеќе активности за исполнување на своите цели, структуирани во три фази.
Проектот ќе започне со спроведување на истражување на севкупните вештини и потреби од знаење во областа финансии на примарната целна група, т.е на младите луѓе до 29 години. За таа цел, преку користење на различни алатки (како онлајн прашалници, фокус групи, интервјуа и сл.) ќе се спроведе детално истражување во Бугарија, Португалија, Грција и Република Северна Македонија. Откако ќе биде спроведено ова истражување, ќе биде развиена иновативна алатка за самооценување на нивото на финансиска писменост (Financial Literacy Self-Assessment Tool), која се состои од онлајн прашалник и методологија за проценка, евалуација и интерпретација на нивото на финансиска писменост на едно младо лице. Преку развој на сет на дигитални модули, ќе се создаде основа за спроведување онлајн обуки. Со изработка на методологија ќе се утврди опфатот на содржината на обуката и стурктурата на обуките, соодветно на поставените цели и посакуваните резултати (R1).
Во рамки на втората фаза од спроведувањето на активностите, наречена „Научи ги своите финансии“ ќе бидат развиени тренинг модулите за финансиска писменост на млади лица. Покрај модулите, за успешно спроведување на обуките, ќе биде создадена и онлајн платформа, со сите релевантни функционалности (R2).
Воспоставување мрежа на млади финансиски инфлуенсери и водење дебати и разговори за финансиска писменост се последната фаза на проектот и истите ќе се спроведуваат преку менторски сесии и отворени дебати, на веќе изградена мрежа составена од млади луѓе (R3). Оваа активност има за цел да им помогне на младите луѓе да управуваат со личните финансии и да им ја зголеми свеста за потребата од повисоко ниво на финансиска писменост, користејќи специфична методологија. Обучувачите ќе одржат повеќе настани на национално ниво за разговори во врска со финансиска писменост, преку неформални состаноци со целните групи.

Очекувани резултати

Проектот „Млади финансиски инфлуенсери“ ќе испорача:
  • Онлајн обука за финансиска писменост за млади луѓе, на пет јазици;
  • Интегрирани сесии за тестирање/пилотирање за младите луѓе во Бугарија, Грција, Португалија и Република Северна Македонија;
  • Соработка и размена на знаење;
  • Поставување основа за дополнителен развој на мрежата на „млади финансиски инфлуенсери“ и континуирано вклучување на младите во заедницата;
  • „Водич за млади финансиски инфлуенсери“;
Преку насочена стратегија за дисеминација на резултатите, проектот ќе ја зголеми свеста кај целните групи, притоа вклучувајќи во своите активности поширока публика, младински организации, консултанти, финансиски советници итн.

Времетраење

1/11/2021-31/10/2023