
Visit the online Financial Self Assessment tool
Проверете го вашето ниво на финансиска писменост
In our series of podcast episodes, you can follow the FinFluencers project progress, learn about financial literacy among young people, but also what we develop to support young people to become financially literate. The podcasts are created and uploaded regularly. You can click below and listen to them.
#1
ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ И МЛАДИТЕ ЛУЃЕ
Поткаст#1 го претставува проектот, партнерството и целокупната работа. Ги претставува главните активности на проектот како и очекуваните резултати од неговото спроведување. Се фокусира на општо презентирање на фазата на спроведеното истражување, како почетна активност, како и добиените информации за идентификуваните потреби на национално ниво.
#2
СОСТОЈБА СО ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ НА МЛАДИТЕ ВО БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, ПОРТУГАЛИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - МИСЛЕЊЕ НА ЕКСПЕРТИТЕ
Поткаст#2 се фокусира на истражувањето, спроведените интервјуа и фокус групи со експерти на национално ниво реализирани од страна на проектните партнери. Покрај ова, истакнати се ставовите на експертите за доживотното учење, како и во однос на организациите и наставниците кои работат со млади луѓе на теми поврзани со финансиска писменост. Поткастот исто така се осврнува на разликите и сличностите во четирите држави во однос на финансиската писменост кај младите и ги идентификува потребите како резултат од спроведеното истражување.
#3
Видувањата на младите луѓе во врска со финансиската писменост
Во третиот поткаст од нашата серијта поткасти, разговараме за мислењето на експертите за нивото на финансиска писменост на младите луѓе и каква поддршка, кои вештини и знаења се потребни за да се подобрат нивната финансиска компетентност во нивниот личен, а подоцна и професионален живот. Во овој подкаст споделуваме со вас што самите млади имаа да кажат за личното ниво на финансиска писменост, односно:
Како и од кого ги добиваат потребните информации и знаења за подобро справување со финансиските прашања? Со кои финансиски теми, активности, и алатки се повеќе запознаени ? Кои финансиски аспекти ги пропуштаат и каква поддршка најмногу им е потребна?
#4
ТЕСТИРАЈ ГО ТВОЕТО ЗНАЕЊЕ - АЛАТКА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ
Поткаст#4 се фокусира на презентирање на „алатката за самооценување на финансиската писменост“, создадена во рамките на проектот. Поткастот дава информации за потребата од создавањето на оваа алатка, каква е нејзината структура и содржина, што ќе се мери со истата како и каде може да се најде и кој може да ја користи. Во него се објаснува како алатката е поврзана со планираниот едукативен материјал кој понатаму ќе се развива во рамките на проектот.
#5
Методологија за обуки и содржини во рамките на проектот "Finfluencers"
Во овој поткаст зборуваме за методологијата врз основа на која ќе се создаваат модулите и материјалите за обука за финансиска писменост кај младите луѓе. Четири специфични аспекти или компоненти се нашата основа, кои ќе не доведат до развој на соодветен материјал за обука и како тој ќе биде претставен на нашата онлајн платформа.
Првиот аспект е за начинот на кој секојдневните финансиски одлуки се меѓусебно поврзани со поширокиот, глобален финансиски свет. Вториот е како ова знаење може да ги обликува вистинските ставови и однесувања на младите луѓе кога се занимаваат со нивните лични финансии. На трето ниво, ги идентификувавме претпочитаните начини на учење на младите луѓе кои го придружуваат нивното учење, и на крај, нашиот четврти методолошки аспект ги вклучува постоечките пристапи во обуката за финансиска писменост и како тие можат да ги подобрат модулите кои ќе бидат создадени.
#6
Содржини за обука во “FinFluencers”
#7
Претставување на содржините за обука (продолжува)
Во претходниот поткаст ги претставивме првите два модули за обука во рамките на проектот FinFluencers, кои се подготвени од страна на проектните партнери. Почетните модули ги запознаваат младите со клучните концепти на финансиската писменост и со основните информации, како и потребните вештини за личните финансии. Во овој поткаст ќе направиме краток осврт на преостанатите модули за обука и тоа: Модул 3: „Основни финансиски услуги“, Модул 4: „Буџетирање – Каде одат моите пари?“ и Модул 5: „Финансиската писменост и деловниот живот“.





