Visit the online Financial Self Assessment tool

Проверете го вашето ниво на финансиска писменост

Резултати и алатки

Резултат 1

Финансиска писменост, рамка за оценување на вештини и создавање материјал за да се подобри нивото на финансиска писменост кај младите

Во рамки на резултат 1, под раководство на БИКЦ, ќе се спроведе сеопфатна проценка на вештините и недостатоците кај примарната целна група на проектот (млади луѓе од 19 до 29 години), т.е ученици од средните училишта, (со фокус на оние со економска специјалност), лица кои не се во процес на образование, работа или обука, млади луѓе регистрирани како баратели на работа во агенцијата за вработување, волонтери, студенти, млади лица кои вршат практична работа, млади/неформални лидери итн.
За спроведување на сеопфатна анализа и проценка на вештините и недостатоците кај целната група ќе се искористат повеќе алатки и методи, како што се анализа на состојбите во земјата, онлајн прашалник, фокус групи и квалитативни интервјуа.
Во рамки на овој резултат ќе се развие иновативна алатка за самооценување на нивото на финансиска писменост (Financial literacy Self-Assessment Tool), која ќе биде во форма на онлајн прашалник со придружна методологија, со која ќе се оценува, евалуира и интерпретира финансиската писменост на млада личност, и со која ќе се воочуваат потребите за развој на вештини во оваа област, со цел надминување на идентификуваните недостатоци. Алатката ќе биде целосно дигитализирана и достапна на онлајн платформата. Откако ќе се развие и тестира,
алатката за самооценување на финансиската писменост ќе биде доставена до образовните институции во државата, како дел од кампањата за дисеминација на проектот.

Согласно добиените резултати од спроведената анализа за оценка на вештините, во рамки на проектот ќе се создадат повеќе дигитални тренинг модули, кои потоа ќе бидат спроведени преку онлајн платформа (која ќе се создаде во резултат 2). За да се определи опфатот и обемот на содржината на модулите, како и целосната нивна структура согласно потребите, најпрво ќе се развие соодветна методологија.
Некои од аспектите/темите кои ќе бидат опфатени во содржината и материјалите за обука ќе се однесуваат на личната финансиска состојба, поврзување на трошоците со приходите, навремена проекција, финансиска одговорност, знаење и разбирање на личните финансии, одговор на кризи, заеми, заштеди, осигурување, сметки, кредит, кредитна филозофија и кредитни картички, финансиски услуги и многу други.

времетраење: 1/12/2021 – 31/12/2022

Финансиска писменост и образование, постоечки вештини, потреби и поддршка (Компаративен извештај / Истражување и оценка на вештини)

Комплетен извештај (на англиски јазик)

Извршно резиме

Резултат 2

Научи ги сопствени финансии: онлајн обука за финансиска писменост кај младите

Модулите за обука, развиени како дел од резултат 1, ќе бидат интегрирани на онлајн „средина“ за спроведување на обуки, бесплатно достапна до целната група. За оваа цел, ќе биде изработена онлајн платформа со сите неопходни функционалности и на истата ќе бидат реализирани обуките. Платформата ќе обезбеди високо стимулативна средина за учење и соодветна поддршка за приправниците, притоа вклучувајќи соодветни електронски алатки, текстови, графики, анимации и видеа.

Пилот тестирање: Апликациите за учење ќе бидат достапни за младите корисници во Бугарија, Грција, Португалија и Северна Македонија, за да се користат во период од три месеци. Онлајн учесниците ќе ја тестираат платформата и материјалот за учење за да ја потврдат содржината и функционалноста на подолг период и да пријават какви било потреби за корекција или подобрување.

времетраење: 1/04/2022-31/10/2023

Овде можете да ги гледате видеата кои го надополнуваат материјалот за обука. Тие даваат краток преглед на модулите, но исто така даваат и насоки како да се користи платформата за е-учење. Овие видеа се достапни и на самата платформа (кликнете на копчето подолу).

  ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ – ШТО ЗНАЧИ ТОА И ШТО Е ПОТРЕБНО

ПЛАНИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ – ПРЕГЛЕД

БУЏЕТИРАЊЕ (УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ) – КАДЕ ОДАТ МОИТЕ ПАРИ?

ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ И ДЕЛОВНИОТ ЖИВОТ



Резултат 3

Мрежа на млади финансиски инфлуенсери

Активностите во резултат 3 имаат за цел да им помогнат на младите да управуваат со сопствените финансии и да ја зголемат нивната свест за потребата од подобрување на нивото на финансиска писменост, согласно специфична методологија на учење. Обучувачите ќе одржуваат одделни настани на национално ниво, преку спроведување на неформални средби со млади на кои ќе се разговара на темата „финансиска писменост“. Врз основа на развиената методологија, обучените фасилитатори ќе развијат мрежа на млади финансиски инфлуенсери низ сите држави, што ќе создаде удобно и пријатно опкружување за младите и ќе им овозможи проширување и зголемување на нивните професионални и социјални контакти. Други клучни чинители, како што се претставници на банки, финансиски институции, успешни претприемачи, млади лидери на заедницата, исто така, ќе бидат поканети да се приклучат и да ја прошират мрежата, што ќе доведе до широка област на експертиза и потенцијал за размена на знаења. Во таа насока, „Водичот за млади финансиски инфлуенсери“ ќе биде развиен да послужи како прирачник за организирање и одржување на настаните во секоја држава.
Обука: По финализирањето на водичот, партнерите во проектот ќе изберат млади луѓе во секоја држава, кои ќе бидат обучени да ги водат и организираат настаните за вмрежување во нивните држави. Тие ќе бидат „младите финансиски инфлуенсери“ кои редовно ќе одржуваат сесии на кои ќе го споделуваат стекнатото знаење добиено за време на обуката.

времетраење: 1/09/2022-31/10/2023