ЈУЛИ – ЗАВРШЕНА ФАЗАТА НА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ

Завршена е фазата на истражување во рамките на проектот која имаше за цел да спроведе сеопфатна проценка на вештини и анализа на потребите на примарната целна група на проектот – младите луѓе на возраст до 29 години, но и консолидирање на мислењето на засегнатите страни во проектот, како што се финансиските и професионалните консултанти, наставниците и обучувачите. Истражувањето беше спроведено во Бугарија, Грција, Република Северна Македонија и Португалија, користејќи различни алатки како што се, онлајн анкета, фокус групи и квалитативни интервјуа. Различните фази на истражувањето опфатија приближно 349 учесници од различни целни групи во државите кои беа предмет на истражување.

По спроведувањето на оваа опсежна активност беше изработен финален компаративен извештај, кој го опфаќа првичното мапирање и документирање на потребите на младите во земјите-партнери. Извештајот дава преглед на нивото на финансиска писменост и образование на младите во Бугарија, Грција, Португалија и Република Северна Македонија, опишувајќи ги постоечките вештини и обуки опфатени во рамките на темата, потребите на младите за нови знаења и поддршка, а притоа истакнувајќи ги постоечките добри практики во поглед на поддршката за подобрување на нивото на финансиската писменост, клучните чинители во тој процес како и политиките на национално ниво.

Гледано од аспект на проектот, заклучоците и препораките вклучени во Извештајот ќе го поддржат развојот на најзначајните резултати од проектот – високо приспособена обука која ќе биде достапна бесплатно на интернет.

Можете да го преземете и прочитате целосниот извештај на линковите дадени подолу (на англиски / дополнет со соодветно резиме на националните јазици на земјите-учеснички со избирање на соодветниот јазик).

Англиски https://finfluencers.org/…/10/R1_Comp_Report_final_pdf.pdf

Бугарски https://finfluencers.org/…/2022/10/R1_BG_Summary.pdf

Грчки https://finfluencers.org/…/2022/10/R1_GR_Summary.pdf

Македонски https://finfluencers.org/…/2022/10/R1_MK_Summary.pdf

Португалски https://finfluencers.org/…/2022/10/R1_PT_Summary.pdf