ПОСЕТЕТЕ ЈА ОНЛАЈН АЛАТКАТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ

Проверете го вашето ниво на финансиска писменост

Настани за вмрежување

ЗАВРШНИ НАСТАНИ НА ПРОЕКТОТ ВО ЈАМБОЛ, БУГАРИЈА

Во последниот месец од спровдувањето на проектот, YCCI организираше два настани со цел да ги претстави главните резултати и достигнувања на проектот, да ги прикаже успешните приказни од проектот, како и да ги претстави различните алатки и методологии за обука кои беа развиени во рамката на проектот со цел да се подигне нивото на финансиска писменост на младите како клучен фактор за нивната долгорочна финансиска благосостојба.

Првиот настан беше организиран на 20.10.2023 година во Јамбол, Бугарија, вклучувајќи 24 обучувачи, наставници, предавачи, претставници на образовни институции, кои работат со млади луѓе и кои ќе бидат заинтересирани да ги користат резултатите од проектот и да ја вградат создадената онлајн платформа за е-учење во наставната програма на средните училишта и универзитетите (т.е. нивните часови по економија и претприемништво).

Вториот настан беше организиран на 31.10.2023 година во Јамбол, Бугарија, вклучувајќи 27 млади луѓе (19-29) кои се студенти, вработени, претприемачи, невработени и сл.

Ним им беа претставени главните активности и продукти од проектот. Посебно внимание беше посветено на платформата за е-учење и беа направени одредени вежби директно на платформата. Во рамките на настанот се организираа панел дискусии на кои беа презентирани информации за финансиската писменост. Младите луѓе кои учествуваа во локалната мрежа на млади финансиски инфлуенсери учествуваа на настанот со цел да го споделат своето искуство од учество во проектните активности и можноста да бидат дел од заедницата на млади луѓе кои работат на подобрување на нивните лични финансиски вештини

На двата настани учествуваа вкупно педесет и едно лице. Сите учесници високо ја оценија презентираната содржина и изразија интерес за понатамошно истражување на проектните резултати, но и интегрирање на некои од нив во нивните образовни практики.

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ ВО АТИНА, ГРЦИЈА

Националниот настан за промоција на проектните резултати во Грција беше организиран од проектниот партнер Милитос Консалтинг СА на 31 октомври 2023 година во Атина. На настанот присуствуваа 35 лица, вклучувајќи млади луѓе (околу половина од учесницте) како и младински работници, консултанти, обучувачи за професионален развој и други учесници. Во настанот беа вклучени две засегнати страни, кои се активни во поддршката на младите (19-29) во однос на нивниот професионален развој, претприемништвото, развојот на меки и тврди вештини, вклучително и финансиска писменост (Академија за претприемништво и знаење, социјално претпријатие за доживотно учење ). Целта на настанот беше да се презентира како финансиската писменост е интегрирана во грчкиот образовен систем (формален и неформален), идентификувајќи ги постојните недостатоци на институционализираниот пристап.

Врз основа на овие факти, беа претставени истражувањето кое се спроведе во рамките на проектот, како и методологијата што што беше создадена, врз чија основа понатаму беа создадени тренинг модулите и платформата за е-учење, како и начините на кои платформата може да се користи од консултантите и младинските работници, како и од младите луѓе.

Главните теми на отворената дискусија беа веб-страницата на проектот, каде што се наоѓаат главните резултати од проектот, вклучувајќи ги наодите од истражувањето, методологијата на Finfluencers, вклученоста на обучувачите во текот на проектот, платформата за е-учење и, конечно, резултатите од разговорите за финансиска писменост спроведени во сите држави.

Во текот на настанот, но особено во делот на „отворената дискусија“, најмногу се разговараше за потенцијалните придобивки од проектот FinFluencers, како и за предизвиците во прифаќањето на финансиската писменост како формален или неформален предмет за обука на млади луѓе. 

Придобивки од проектните резултати: 

  • Потенцијал за понатамошна употреба со усвојување и користење на теми на платформата за е-учење како целина или делумно 
  • Потенцијал за прилагодување на постоечката понуда за специфични целни групи меѓу младите луѓе (на пр., средни училишта, општински програми за млади, обесправени млади лица, млади лица со попреченост итн.) 
  • Синергии со финансиски институции (на пр. банки) за да им понудат материјал на младите лица како клиенти, како и поврзување со финансиски практики и алатки кои веќе се нудат во Грција (на пример, како придружник на банкарски услуги, како што е е-паричник, припејд картички, кредитеи за млади и сл).

ЗАВРШНИ НАСТАНИ ВО ФАРО, ПОРТУГАЛИЈА

OTB Europe организираше два завршни настани. Едниот се одржа на 24.10.2023 година (со 26 учесници), а вториот на 31.10.2023 година (со 15 учесници). Првиот настан во Фаро, Португалија се одржа на 24 октомври 2023 година.

Настанот беше спроведен во формат на панел дискусија, која обединува 26 лице, вклучувајќи креатори на политики и други чинители и засегнати страни. Забележително, младиот финансиски инфлуенсер обучен од страна на OTB одигра клучна улога со спроведување на три панел дискусии. Панел дискусиите се фокусираа на значајните достигнувања и од проектот, нагласувајќи ги ефекти на промена забележани кај младите луѓе во општината Olhão – Faro. Сеопфатниот преглед на проектните резултати овозможи соодветна информираност на сите учесници за резултатите и целите на проектот. Динамичната сесија за прашања и одговори додаде интерактивна димензија, овозможувајќи подлабоко разбирање на заклучоците на проектот. Настанот успешно ја долови суштината на дискусиите, достигнувањата и големото влијание забележано кај младите луѓе, покажувајќи го неговиот успех.

OTB организираше втор настан, настан во стилот на работилница на 31 октомври 2023 година, со 15 учесници – младински работници. Работилницата, имаше за цел да обезбеди интерактивна платформа за дискусии и активности поврзани со финансиите и финансиската писменост и истите беа водени од страна на младиот финансиски инфлуенсер, исто како и првиот настан. За време на работилницата, младиот финансиски инфлуенсер сподели сознанија за грижите меѓу младите луѓе, особено осврнувајќи се на вчечатоците на младите кои произлегуваат од економскиот контекст на ЕУ. Фокусот на работилницата беше да ги инспирира поединците на возраст од 19 до 29 години проактивно да учат и да се движат кон подобрување на нивото на финансиска писменост, усогласувајќи се со мисијата на проектот. Интерактивните активности беа составен дел на работилницата, навлегувајќи во примарните грижи на младинските работници-учесници. Сесијата поттикна опкружување за соработка, охрабрувајќи дискусии за она што недостасува и за клучните области на фокусирање при работа со младата генерација. На работилницата, исто така, беа презентирани настаните кои претходно беа спроведени во Olhão, кои служеа како примери за инспирација и ангажирање на младите. Овие настани, кои беа организирани како разговори за финансиска писменост не само што ја опфатија суштината на проектот, туку покажаа и практични пристапи за зајакнување на младите поединци во донесувањето финансиски одлуки брз база на релевантни информации.

Двата настани успешно ги постигнаа своите цели, обезбедувајќи привлечна и кооперативна платформа за дискусии меѓу младинските работници.

ЗАВРШНИ НАСТАНИ ВО СТРУМИЦА, РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Завршната конференција во Струмица, Република Северна Македонија беше организирана во два дена – 30.10.2023 година (со 23 учесници) и 31.10.2023 година (со 20 учесници). Во двата дена учествуваа вкупно 43 луѓе.

За време на фазата на спроведување на проектот, финансиската писменост беше широко препознаена како важна тема, како и вештина што треба да ја стекнат младите луѓе, но и сите останати. Иако некои институции (најчесто Народната банка на Република Северна Македонија) ја повремено ја третираат темата за финансиска писменост, проектот FinFluencers беше еден од ретките интегрални концепти поврзани со оваа тема. Затоа, по извршувањето на сите активности и постигнувањето на утврдените резултати, Промо Идеа започна со организација на завршниот настан. Бидејќи, 31 октомври е „Светски ден на штедењето“, се чинеше соодветно овој настан да се поврзе со значењето и важноста на меѓународниот ден посветен на штедењето.

За да се постигнат подобри резултати, беше одлучено настанот да се реализира со две, наместо со една група.

Резултатите од проектот FinFluencers – главно иницијалните активности за истражување, модулите за обука, воспоставената мрежа на млади финансиски инфлуенсери и особено платформата за е-учење беа презентирани пред учесниците. Околу 90% од учесниците беа претежно млади луѓе (од 18 до 35 години), со различно образование и работен статус. Помал број беа тренери и експерти, бидејќи се сметаше дека резултатите се од голем интерес за младите. Младите луѓе и обучувачите беа поканети да учествуваат на настаните со директни покани и преку објави на социјалните медиуми и сите лице кои учестуваат на настаните, беа претходно регистрирани.