Новости

ОКТОМВРИ – ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ КАЈ МЛАДИТЕ ЛИЦА КОИ ДОАЃААТ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ОД БУГАРИЈА

Проектот „FinFluencers“ имаше свој промотивен штанд за време на одржувањето на младинскиот фестивал, организиран во општина Тунџа во Бугарија. Општина Тунџа вклучува 44 населени места околу градот Јамбол, Бугарија. На младинскиот фестивал учествуваа млади од руралните средини кои имаа можност да се стекнат со нови знаења, а имаа и физички активности. Фестивалот го посетија повеќе од 350 млади лица.

СЕПТЕМВРИ – МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ОБУКА – ПРЕСВРТНИЦА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Следејќи ја рамката за проценка на вештините за време на фазата на истражување на проектот, партнерите продолжија со развој и изработка на методологија за обука, определување на содржините на материјалот за обука, начинот на спроведување на обуките, како одговор на барањата на младите луѓе. Методологијата за обука произлегува од наодите од фазата на истражување на проектот што се спроведува во Бугарија, Грција, Република Северна Македонија и Португалија, како и од индикативниот пристап на темите за учење, како што е наведено во фазата на изготвување на предлог-проектот.

ЈУЛИ – ЗАВРШЕНА ФАЗАТА НА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ

Завршена е фазата на истражување во рамките на проектот која имаше за цел да спроведе сеопфатна проценка на вештини и анализа на потребите на примарната целна група на проектот – младите луѓе на возраст до 29 години, но и консолидирање на мислењето на засегнатите страни во проектот, како што се финансиските и професионалните консултанти, наставниците и обучувачите. Истражувањето беше спроведено во Бугарија, Грција, Република Северна Македонија и Португалија, користејќи различни алатки како што се, онлајн анкета, фокус групи и квалитативни интервјуа. Различните фази на истражувањето опфатија приближно 349 учесници од различни целни групи во државите кои беа предмет на истражување.