Декември, 2022; ПР текст

Во рамките на проектот беше создадена методологија за обука, која ќе претставува основа за онлајн платформата и нејзиното користење од страна на младите. На почетокот на декември 2022 година, беше организирана тренинг сесија „Обучи ги обучувачите“ во Атина, Грција, при што секој партнер учествуваше со свој тренер. Тренерите беа обучени како да спроведуваат обуки со младите за финансиска писменост на поинтересен начин.