ОКТОМВРИ – ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ КАЈ МЛАДИТЕ ЛИЦА КОИ ДОАЃААТ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ОД БУГАРИЈА

Проектот „FinFluencers“ имаше свој промотивен штанд за време на одржувањето на младинскиот фестивал, организиран во општина Тунџа во Бугарија. Општина Тунџа вклучува 44 населени места околу градот Јамбол, Бугарија. На младинскиот фестивал учествуваа млади од руралните средини кои имаа можност да се стекнат со нови знаења, а имаа и физички активности. Фестивалот го посетија повеќе од 350 млади лица.

Според истражувањето спроведено во Бугарија во 2020 година од страна на OECD, финансиското познавање на жителите на руралните средини се чини дека е помало во споредба со урбаното население. Во ваков динамичен свет кој брзо се менува, финансиското образование е од клучно значење за да им помогне на младите да се справат со предизвиците и да придонесат за општеството. Недостатокот на финансиска писменост не само што влијае на способноста на младиот човек да се справи со важни работи како заеми, буџетирање и долгови – туку, исто така, ги исклучува младите лица да бидат ангажирани во економските системи кои ги обликуваат нивните заедници и животи.

Еве зошто проектот има за цел да го придобие интересот и на младите лица од руралните средини, давајќи им можност да ги тестираат претстојните содржини за учење и формирањето на Мрежите на млади финансиски инфлуенсери.